Заштита на виновата лоза од болести и штетници

          Виновата лоза ја напаѓаат голем број болести и штетници, кои се во состојба да го уништат целото производството. За спречување на несаканите последици, неопходно е целосно да се применат сите потребни мерки за заштита. Заштитата започнува по завршување на зимската резидба, со отстранување на орежаните делови од пењушката и нивно спалување.

          Од болести и штетници кои треба превентивно да се сузбиваат после резидбата се: црната пегавост, пепелница, бактериози, грињи, акаринози и еринози.

          Уште во фазата на мирување, или најдоцна до фазата на влакнести окца, прерпорачлива е употребата на бакарните препарати Нордокс или Купраблу – З.   Нордоксот може да се комбинира со сулфурниот препарат Тиовит џет, кои дејствува на презимената пепелница, а во зголемена концентрација и на ерифидните грињи. Важен момент при третирањето, е добро да се искапат сите делови од лозата. Од инсектициди во овој период се користат: бело  и црвено масло и др.

          Од појавата на лисје па се до прошарување на грозјето, заштитата во лозјата  се извршува против следните  болести: пламеница, пепелница, црна пегавост, сиво гниење на грозјето, црвена палеж на лисјето и разни бактериози.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна