Заштита на компирот од штетници

          Компирова златица. Најголеми штети прави ларвата, а приносите можат да бидат помали за повеќе од 50%.  Штетите  што златицата ги предизвикува на компирот се во тоа што   имагото и ларвата ги уништуваат лисјата и ако не се спроведат заштитни мерки може да дојде до целосна компромитација на приносот.

          Најважна борба против златицата е примена на хемиски средства. Третирањето е најефикасно кога се испилат повеќе од 60% ларви. Најдобро е да се прска пред најголемите жештини во текот на денот, бидејќи младите ларви одат на опачината на листот и кон средните лисје кога сонцето е најјако.

          Земјишни штетници. Овде спаѓаат полифагни штетници кои напаѓаат голем број на посеви. Штетите ги прават ларвите кои се хранат со подземните делови на растенијата. Ларвите на скочи бубите (Елатериде) се телени црви, ларвите на гунделите се викаат грчици, а исто така значајни штети прави и гасеницата на подгризувачката совица. Телените црви и грчиците при исхраната ги оштетуваат ртулците, коренот и клубените, а совицата го оштетува или го прегризува приземниот дел на стеблото и клубените. Најголеми штети се прават во периодот август-септември.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна