Заштита на стрните жита од забрус (црн житарец)

          Забрусот е еден од најопасните штетници на пченицата, јачменот и ржта. Неговата каламитетна појава предизвикува делимично или целосно пропаѓање на посевите на големи површини. Особено забрусот представува проблем во последно време затоа што, доаѓа до пореметување во плодоредот, бидејќи две или повеќе години на иста површина се сее жито. Развојот на една генерација на забрусот трае една година, а незначителен дел може и две години.

          Појавата на имагото зависи од климатските услови, но тоа редовно се случува кон крајот на мај и почетокот на јуни. Во почетокот забрусот активен е ноќе, а потоа станува изразито фотофилен инсект. Днената активност на забрусот временски се совпаѓа со млечната и восочната на пченицата. Почетокот на периодот на миграција и времетраењето зависи во голема мерка од климатските фактори.

          По завршената миграција имагото интензивно се храни со семе(зрна) од жита, а за исхрана користи и семе од различни видови на ливадски треви. Знае да го прегризи стеблото под кластот кој паѓа на земјата каде се храни. Прегризените стебла се знак за опасност од поголем напад ако на истата површина повторно се сеат житарици.

          По завршената дополнителна исхрана забрусот се вкопува во почвата на длабочина од 8-38 см  каде го минува летниот период на мирување. Во таа состојба останува 1,5-3 месеци се додека не стане способен за размножување. Поголемиот дел од популацијата полно созреваат во периодот на втората половина на август до крајот на септември. По оплодувањето, женките влегуваат во почвата каде на длабочина од 8-18 см поединечно полагаат јајца. Една женка просечно полага стотина јајца, а во некои случаеви и повеќе од двесте.

          Забрусот не полага јајца во сува почва затоа што во неа не може да се изврше ембрионалниот развој. За ембрионот нормално да се развива, во првата фаза јајцата апсорбираат значителна количина на влага од надворешната средина. За поинтензивна појава на забрусот му годи топол и дождлив крај на летото, топлата есен и зима.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна