Вести
Интервју со директорот на АПРЗ, м-р Пеце Стојковски
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) активно се вклучува во националната кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, чија цел е поддршка, промоција и унапредување на домашното земјоделско производство.
Во интервју за Македонската радио телевизија, директорот на АПРЗ, м-р Пеце Стојковски, истакна дека Агенцијата континуирано е присутна на терен и обезбедува директна поддршка за земјоделците преку советодавни услуги, едукација и практични решенија насочени кон подобрување на производството и зголемување на конкурентноста.
Посебен акцент во интервјуто беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат младите земјоделци, како и на важноста од континуирано стекнување знаење, примена на иновации и здружување. Овие фактори се клучни за развој на современо и одржливо земјоделство кое може успешно да одговори на пазарните барања.
Директорот Стојковски потенцираше дека земјоделството претставува значајна можност за економски развој и сигурна иднина, особено за младите генерации. Во таа насока, АПРЗ останува посветен партнер на земјоделците, нудејќи континуирана поддршка во создавањето на квалитетни, конкурентни и препознатливи македонски производи.
Во продолжение, погледнете го целосното интервју.