Инфо денови за ИПАРД 2014-2020 (Виница)

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со Телото за управување со ИПАРД активно преку своите советодавци е вклучена во реализација на инфо деновите за ИПАРД 2014-2020. Според планот за публицитет во Виница на ден 5.11.2019 се организираа инфо денови на кои беа презентирани следните мерки:

          • Мерка 1 – примарно земјоделско производство,
          • Мерка 3 – преработка на земјоделски производи,
          • Мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси

          Советодавците од АПРЗ вршат информирање на заинтересираните баратели за можностите кои се нудат со програмата и бесплатна поддршка при подготовка на барањето.Барателот од советодавците исто така е информиран за потребната документација која треба да ја прибере, критериумите кои треба да ги исполнува, начинот на бодување за избор, како и за сите други потребни информации со кои се комплетира начинот на постапката за доставување на комплетирано барање до АФПЗРР.

          За овој повик кој трае до 18 ноември 2019 во фокус е Мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна