Исправност на молзните апарати за здраво виме МАСТИТИС

          Маститисот  е  инфекција  на млечната жлезда  од патогени микроорганизми. На производителите  на млеко им создава загруженост поради намаленото производство на млеко, а со тоа и намален приход од очекуваното производство. Еден е од најзначајните фактори кои влијаат на зголемениот број на соматски клетки во млекото. Кај  заболените крави количината на млеко е намалена, тоа млеко не е добро за откуп и продажба, има високи трошоци за лекување на болните крави, намален е производниот век на животното, а со тоа се зголемени и трошоците за одржување на стадото.

          Во отежнати услови, економската исплатливост за производство на млеко т.е. намалувањето на доходот, представува важна карика за успешно работење на една млечна фарма. Тоа е причина зошто раното откривање на болеста на вимето е многу важно, и е многу моќно оружје на фармерот за редовно пратење на бројот на соматски клетки во млекото. Кај сите примери на клинички маститис каде јасно се изразени знаците на болеста, и каде е побарана помош од ветеринар, во стадото се наоѓаат повеќе од 15% случаеви на субклинички маститис, без јасни знаци на болеста. Притоа, ако болеста не ја забележиме, не значи дека истата ја нема и дека производителот  на млеко не е оштетен.

          Соматски клетки

          Зголемениот број  на соматски клетки е прв знак за присуство на патогени организми во вимето. Соматските клетки се клетки на имунолошкиот состав на организмот- белите крвни зрнца или леукоцити, кои се во одреден број, постојано се присутни во млекото. Кај здраво и исправно млеко добиено од здрави крави во еден милилитар млеко дозволено е да има до 200.000 соматски клетки, но пожелно е овај број да биде уште помал. Кога соматските клетки се зголемени над оваа граница тоа е знак за промени во вимето. Поради присуството на патогени организми во вимето телото реагира со одбрана. Таа одбрана се леукоцитите кои во зголемен број преминуваат од кравата во вимето за да ги запрат патогените микроорганизми. Сето ова се случува пред да можеме  да ги забележиме со голо око, промените настанати кај млекото и млечната жлезда. Кај кравите кои се во 1, 2 или 3 лактација (првите лактации) бројот на соматски клетки е помал, за разлика кај кравите кои се во 5, 6, 7 лактација. Бројот на соматски клетки во почетокот на лактацијата е помал, во однос на соматските клетки при крајот на лактацијата. Овај однос е последица на тоа што животните во покасната лактација биле повеќе пати во контакт со патогени микроорганизми.

          Високопродуктивните грла повеќе се изложени на инфекција бидеќи високото производство представува оптоварување на организмот, па затоа кај нив често се јавува зголемен број на соматски клетки во млекото.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна