Калемење на лубеница

           

          Во регионот на Струмица најчест начин на одгледување на лубеница е со примена на методот на калемење .

          За  калемење на лубеницата се користат повеке подлоги : Обична тиква                  (Cucurbita pepo) , тиква мускатна (Cucurbita mochata) и др. Но најдобри резултати се добиваат од калемењето на лубеницата врз  лејка.

          Позитивни страини од калемењето се што кореновиот систем  овозможува подобра исхрана , поголема издржливост , подобро се прима по расадувањето , отпорна на ниски температуре, како и на габни и почвени болести . Зреењето на плодовите е многу порана за околу 15 -20 дена , плодовите се покрупни, приносите повисоки и со многу подобар квалитет.

          Семето од лејка се сее неколку дена порано од семето на лубеницата..        Процесот започнува со сеење на семето од лејка во саксии . Откако ќе достигнат фаза на два лисја (котиледони) се сее семето од лубеница. Во текот на одгледувањето се внимава на сите агротехнички мерки, и кога ке достигне во фаза на три лисја се калеми на подлогата од лејка . Постојат повеке начини на калемење, а  кај нас најповеке  се користи  метод “ на расцеп “.

          Се сече стеблото од подлогата (лејка) на која се остават само два лисја . Потоа таа се засекува а во мегу време во вид на клин се засекува и коренот од лубеницата. Во расцепот на подлогата помегу котиледоните и подлогата се поставува питомката која претходно исто така се прави клиновиден двостран зарес со жилет , и се прицврстуваат со конец или специјални штипки .

          Саксиите со расадот се редат во топла леа на температура од околу 25 до 28Со  и влажност на воздухот околу 90 % . Ако во текот на деновите има силно сонце леите се засенчуваат , и за околу 3 до 4 денови калемот се прима.

          Обично калемењето се изведува во текот на  втората половина на март и почетокот на април . Расадувањето на стално место се врши во фаза на 4 до 5 лисја.

          Дип.инг.аг. Стојан Глигоров

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна