Контрола на плодноста на почвата (агрохемиски анализи)

          Контролата на плодноста на  почвата е со цел да се сочуваат или подобрат физичките, хемиските и биолошките својства и да се осигура правилна употреба на минерални и органски ѓубрива.

          Со оваа мерка се рационализира употребата на минерални ѓубринва, се зголемува приносот и квалитетот на земјоделските производи, се заштитува животната средина и се постигнува заштеда на пари.

          Што е плодност на почвата

          Плодност на почвата е способност на истата да на растенијата му обезбеди континуирана  оптимална храна, вода, воздух, топлина и услови за вкоренување.

          Што опфаќа контролата на плодноста на почвата

          -Земање на почвени проби

          -Работа во лабораторија

          -Агрохемиска анализа на почвените проби

          -Читање на резултатите

          -Анализа на добиените вредности и препорака за ѓубрење како и други мерки за подобрување на хемиските својства на почвата

          Анализата на стандардните параметри за плодноста на почвата  опфаќа: пХ, содржина на хумус, содржина на вкупниот Н, содржина на физиолошки активен П и К, како и содржината на вкупниот и физиолошки активниот ЦаЦО3.

          За лозови. овошни и градинарски култури покрај овие елементи се испитува и содржината на Мг.

          Земање на почвени проби

                Точноста на резултатите од анализата, дијагнозата на состојбата на почвата и мерките кои треба да се превземат, зависи од правилното земање на почвените проби.

          Земањето на почвените проби од   површините ослободени од пченица, јачмен, грав, боранија, грашок и други се врши во текот на месец јули и август.

          Земањето на проби од површините ослободени од сончоглед, пченка, цвекло, и други култури се врши во текот на месец септември и октомври.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна