Меѓународен ден на жената од руралната средина – Со еднакви можности до одржливи заедници

          По повод 15ти Октомври – Меѓународниот ден на жената од руралната средина,во организација на Локалната Акциона Група АГРО Лидер од Прилеп,во Хотел Салида-Прилеп, со почеток во 10.30 часот се одржа Конференција на тема” Со еднакви можности до одржливи заедници “.

          Во своето воведно излагање претседателката на ЛАГ АГРО ЛИДЕР Марина Тошеска истакна дека   постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена во општеството преку обезбедување на социјален развој, економска самостојност, поддршка за женско лидерство и развој на заедницата преку потенцијалот и перспективата на руралната жена е неопходност на глобално ниво.

          Време е да го поддржиме движењето за зајакнување на жената од руралната средина и да ги охрабриме државните и локалните лидери, политичките движења, економските и академските заедници и граѓанските активисти да преземат иницијативи за поддршка на жените од руралните средини и исполнување на целите за одржлив развој и повика:

          “Придружете ни се, за заедно да го поддржиме движењето за социјален и економски развој на руралните жени и нивните заедници”.

          На конференцијата беа присутни и претставници од АПРЗ,каде свое излагање на тема

          Флексибилност во производството на храна од животинско и растително потекло -можности за жените земјоделки-” имаше заменик директорот на АПРЗ – М-р Борче Петковски.

          На конференцијата свои обраќања  по одредени теми имаа и:

          • Руралната жена и патот до Агенда 2030 – Г-н Харалд Фугер – Аташе на Министерството за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во РСМакедонија
          • Права и еднаквост на Руралната жена – Доц. Ивона Шушак – Правен Факултет, Св.Климент Охридски – Битола
          • Економско јакнење на руралната жена – основа за градење на одржливи заедници – Проф. Благица Сековска – Проф.по рурална економија, УКИМ-Скопје
          • Руралната жена во медиумите – Снежана Каратошеска (новинар)

          На крајот на конференцијата беше направена Презентација на domasno.mk -он лајн платформа за е-продажба на земјоделски производи и нивни преработки и промоција на рурален туризам.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна