Министерот Љупчо Николовски во посета на Општина Могила

          На ден 17.05.2018 во село Ивањевци, Општина Могила, Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ја презентираа програмата за директни плаќања во делот на субвенционирање на тутунопроизводителите.

          На настанот од нивна страна беше нагласено дека над 22 милиони евра средства од субвенции денеска легнаа на сметките на тутунопроизводителите. Што значи дека во Република Македонија околу 20.880 тутунопроизводители од денес ќе можат овие средства да ги користат.

          Министерот за земјоделство Николовски, нагласи дека во наредниот период ќе бидат исплатени и останатите субвенции кон земјоделците.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна