Нега на пиперката

          Во текот на вегетацијата по расадувањето на пиперката потребна е нега  која се состои од редовно окопување, прихранување, уништување на плевелите , заштита од болести и штетници, наводнување.

          Окопувањето се врши после 15 – 20 дена од расадувањето.

          Прихранувањето се врши два пати; првото после 25 – 30 дена од расадувањето со КАН во доза од 300 kg/ ха, a второто 20 – 25 дена после првото, во врема на интензивно растење на плодовите. Со второто прихранување треба да се  внесат 200 kг/ ха КАН и 200 кг/ха НПК (10:30:20 или 15:15:15).  Ako има потреба се врши трето прихранување после првата берба на технолошки зрелите плодови со иста комбинација во количина од 300 кг/ха.  Во секој случај препорачливо е да се врши агрохемиска анализа на почвата како и  контрола на pH i EC вредностите за да се препорача соодветна прихрана со  макро и микроелементи кои се потребни во фазата на развојот на растението. Прихранувањето се врши заедно со наводнувањето преку системот капка по капка. Важно е да се знае, декаа многу поголем проблем се случува со повеке прихранување одколку со помалку, бидејќи храната може многу лесно да се додаде но тешко и ризично е да се врши испирање на истата.

          Што се однесува до заштитата   препорачливо е таа да биде превентивна, уште во самото  расадопроизводство. Пред употребата на пестицидот обавезно производителот да го прочита упатството за употребата на препаратот, како и каренцата и времето на примената.

          Еден одговор на Нега на пиперката

          1. Pingback: Нега на пиперката | AgroalternativaAgroalternativa

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна