Нови теренски униформи за советниците од АПРЗ

          Со оглед на големиот број на теренски активности кои ги извршуваат советниците од АПРЗ се јави и потребата од нови заштитни униформи, кои советниците на АПРЗ ќе ги користат на терен, кај фармерите во различни услови. АПРЗ во соработка со добавувачите на земјоделска механизација и опрема обезбеди спонзорство од Синпекс и Хемометал при што се набавија униформи кои се неопходни во секојдневната работа на советниците. Се очекува ваквата соработка да продолжи и во иднина со оглед на тоа што и АПРЗ и добавувачите на механизација, опрема и репро материјали имаат заеднички клиенти и заедничка цел – да им помогнат на земјоделците во Република Македонија.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна