ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ФАДН

          На 27.10.2014 година во хотел Арка во Скопје и на 28.10.2014 година во хотел Молика во Битола се одржа работилница со цел да се обезбедат обуки за околу 60 советници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во однос на измените на системот ФАДН – Мрежата на сметководствени податоци од земјоделски стопанства, новата методологија на собирање на податоци и проверки на квалитетот податоците, обезбедување на информации во врска со процедурите за собирање податоците, новата методологија за обработка на податоците и контрола на квалитетот на податоците во рамките на RICA 1 и употребата на софтверот за ФАДН.

          Работилницата ја отвори Даниела Гидалова од одделението за ФАДН при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а свои излагања во врска со новите функционалности и споделување на искуствата од сопствените држави имаа TAIEX експертите Андрас Кис од Унгарија и Сузана Хлоускова од Чешката Република.

          Оваа работилница беше организирана од страна на Инструментот за техничка помош за размена на информации при Европската Комисија.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна