Одржување на површината во овошните насади

          Одржувањето на почвата во овоштарниците е една најважните  агротехнички мерки од кои зависи порастот и родноста на овошките. Одржувањето на површината се извршува со работни активности во меѓуредниот простор, како и на  просторот во редот.

          Површината во овошните насади во меѓуредниот простор може да се одржува на повеќе  начини и тоа:

           -Јалов или црн угар. Со овој начин се врши обработка на почвата, со што се оневозможува појава на плевели во текот на целата година. Се изведува со длабоко есенско, плитко пролетно и неколку летни култивирања. Есенската обработка се врши по бербата на плодовите и  во услови на оптимална влажност на почвата, на длабочина од околу 20 см. Пролетната обработка се изведува после зимската резидба на овошките.       Останатите пролетно – летни обработки на почвата се извршуваат  по потреба, односно после појава на плевели или после секое наводнување. Овој вид на обработка се врши без превртување на почвата, со задолжително избегнување употреба  на фрези, бидејќи истите ја расипуваат структурата.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна