Потпишан меморандум за соработка помеѓу АПРЗ и АГРАРЕН УНИВЕРЗИТЕТ – ПЛОВДИВ РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодлството  на Република Македонија претставувана од директорот Игор Златков, и Аграрниот Универзитетот – Пловдив, Република Бугарија  претставувана од ректорот Проф. Д-р Христина Георгиева Јанчева со цел взаемни активности, координирање и меѓусебно помагање во насока на унапредување на земјоделството и руралниот развој во Република Македонија и Република Бугарија, страните се согласија на ден 16.05.2016 година да склучат меморандум за соработка.

          Меморандумот има за цел да обезбеди координирање, заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на унапредување на земјоделството и руралниот развој во Република Македонија и Република Бугарија. Меморандумот како основа ја има соработката во земјоделството и руралниот развој земајќи ги во предвид националните стратешки документи и програми на двете држави, принципите на заедничката земјоделска политика на Европската Унија како и потребите на руралните домаќинства,  се со цел да се обезбеди квалитетен пристап за поддршка во подобрувањето на условите за живеење во руралните средини во Република Македонија и Република Бугарија. 

          Соработката ќе се остварува преку:

          • Континуирана и навремена размена на информации од областа на земјоделството и руралниот развој;
          • Координиран настап и взаемна поддршка во реализација на зедничките активности;
          • Координиран настап и взаемна поддршка пред релевантни ентитени во земјоделскиот сектор;
          • Проектни апликации во насока на развој на секторот за земјоделство;
          • Обуки на теми што се од интерес на фармерите со претходно дефинирање на потребите и изразување на интерес на фармерите;
          • Едукација на советниците во врска со примената на науката за најнови технологии во земјоделското производство;
          • Взаемни активности во насока на ефиаксна примена на позитивната законска и подзаконска регулатива, како и заедничко креирање на мислења кои се најсоодветни за развивање на земјоделскиот сектор;
          • Промовирање на сознанијата за значењето на руралниот развој;
          • Промовирање на можностите за финансирање од страна на ЕУ фондовите и на другите донатори поврзани со земјоделството и руралниот развој;
          • Организирање на иницијативи и активности во областа на земјоделството и руралниот развој;
          • Заеднички настап на меѓународни јавни повици и спроведување на предлог проекти од интерес на двете страни;
          • Креирање на ставови и мислења во врска со прашања во делот на заедничкото работење;
          • Взаемна поддршка и во други активности врз основа на конкретни потреби.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна