Потпишување Конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за период 2014 – 2020 година

          На 02 јуни 2014 година во Универзитетот на Југоисточна Европа – кампус Скопје со почеток во 11:00 часот, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потпиша конзорциумски договор за стратешка соработка за директни ЕУ фондови за периодот 2014 – 2020 година со Македонскиот конзорциум со поддршка на (EBAN – WestBIC – FINNOVAREGIO).

          Целта на оваа соработка и потпишувањето на конзорциумскиот договор е синхронизирана меѓусекторска соработка за искоростување на директните ЕУ фондови достапни за субјектите од Република Македониај, во функција на зголемување на промоцијата, иновациите и компететивноста на малите и средни претпријатија. Соработката помеѓу академскиот, приватниот, невладиниот и јавниот сектор со поддршка од странски партнерски организации, ќе придонесе за нови вработувања, зајакнување на претприемничкиот еко систем во земјата и поврзување со странски партнери од ЕУ земјите за освојување на нови пазари и пласирање на нашите производи. Стратешката соработка е за периодот 2014 – 2020 година за кои се предвидени и активности и апликации на програмите (Horizon 2020) со буџет од 80 милијарди евра и COSME 2014 – 2020 со буџет од 2,7 милијарди еври. Македонскиот конзорциум го сочинуваат општина Тетово, општина Гази Баба, Централниот регистар на Република Македонија, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Универзитетот Југоисточна Европа, ЕМКИЦЕ – Центарот за ЕУ фондови и иновации и Македонската бизнис Ангел мрежа – (МВАN), Њу Менс бизнис акселераторот, Илумине – центар за развој на ИКТ во образованието, Технолошки парк од Тетово, Институтот за животна средина и здравје. Странски партнери и подржувачи се Европската мрежа на бизнис ангели (ЕВАN), Европската мрежа на Бизнис Иновациски центри – (ЕВN), преку најстарата членка од Ирска (WestBIC), Европскиот Бизнис Акцелератор и платформата за иновации фондацијата Finnovaregio.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна