Почнуваат првите средби со земјоделци за консолидација (окрупнување) на земјиштето

          Поголема конкурентност на земјоделското производство, подобри услови за живот во руралните средини и решение за проблемот со напуштање на обработливото земјоделско земјиште – се целите на проектот МАИНЛАНД, што го спроведува МЗШВ со помош на ФАО од април минатата година, а во кој АПРЗ зема активно учество во дел од активностите.

          Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера на 18.10.2018 во рамките на проектот за консолидација (окрупнување) на земјоделското земјиште МАИНЛАНД се одржа работилница на која што проектниот тим информираше за досегашните и идни активности. Во пет од избраните 12 области за консолидација на земјиште започнува спроведување на Студии за изводливост, што претставува прва фаза од постапките за консолидација на земјоделско земјиште. Се работи за селата Логоварди и Оптичари во битолско, Царев Двор во ресенско, Спанчево и Соколарци во кочанско. Проектот во следниот период ќе пристапи кон избор на 12 нови локации за окрупнување на земјоделското земјиште.

          Од досегаѓните активности важно е да се напомене дека е изготвена БРОШУРА – „Водич за консолидација на земјоделско земјиште“ и изработено е ВИДЕО АНИМАЦИЈА на македонски, албански и англиски јазик. Овие промотивни материјали се поставени и на нашата веб страна на АПРЗ од каде што можете да ги превземте.

          На работилницата се дискутираше и за поедноставување на процедурите и критриумите за избор на подрачјата за консолидација. Предлозите и можните решенија ќе бидат презентирани на наредниот состанок на Управувачкиот Комитет на проектот за нивно усвојување.

           

          За поефикасно спроведување и олеснување на процесот на консолидација, МЗШВ со помош на проектот, годинава ја промени и законската регулатива и ќе настојува и понатаму да се подобрува.

          Во врска со идните активности, се предвидува излегување на терен и посета на избраните области каде што земјоделците и сопствениците на земјиштето ќе бидат запознати со процесот на спроведување на физибилити студиите, како и со очекуваните придобивки од консолидацијата. За таа цел избрани се три геодетски компании кои во наредните пет месеци заедно со земјоделците и локалните заедници ќе работат во изготвување на студиите за изводливост за консолидација. Посетата на терен започнува веднаш, а распоредот е претставен во следната табела:

          На овие средби учество ќе земат земјоделците и сопствениците на земјиште на локалните заедници, геодетските компании, претставници од МАИНЛАНД проектот и МЗШВ, претставници од соодветните ПЕ на МЗШВ, претставници од локалнта самоуправа, како и претставници на соодветните РЕ на АПРЗ.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна