Правилно складирање и чување на компирот во текот на зимата

          Во зависност од сортата времето на вадење на компирот е различно, најчесто е крај на август или почеток на септември. Во време кога надземниот дел од растението целосно ќе се исуши. Компирот се вади кога е суво да не се задржува влажна земја на клубените, која подоцна може да биде извор на патогени и да доведе до скапување во складиштата.

          Компирот треба да биде здрав, сув и неоштетен. Клубените кои се заразени и механички оштетени треба веднаш да се одвојат, доколку на клубените има остатоци од земја, кал треба да се измијат и потоа да се исушат. Сушењето на компирот да биде во сенка ( најдобро се суши на темература од 10 – 15˚С ) бидејќи на сонце клубените добиваат зелена боја ( се создава хлорофил ) и при тоа се создаваат материи кои се штетни за исхрана на луѓето. Појавата на зелената боја е показател дека во клубените се наоѓа зголемено количество на алкалоидот соланин. Тој компир при употреба треба добро да се излупи ако е зелен и во средината не се употребува за јадење. Во исхраната не се користат клубени компир кои содржат повеќе од 20 мг соланин.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Правилно складирање  и чување на компирот во текот на зимата.pdf

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна