Предности на плодоредот

          Плодоредот е систем, во кој градинарските култури со повеќе годишен распоред се одгледуваат на различни површини. Главна цел на плодоредот е спречување на ширењето на штетници, болести и плевели, кои се својствени за определен вид на култури. Ако секоја  година на иста површина се одгледува култура домакин, многу брзо ќе се згoлеми бројот на штетници, бослести и плевели, што често станува сериозен проблем. Меѓутоа до колку недостига нивниот домаќин тие постепено исчезнуваат. Разновидните нематоди кај компирот и доматот , зелкината кила која ги напаѓа речиси сите зелки и белата гнилеж, се вообичаени проблеми во почвата кој успешно можат да се намалат со воведување  на плодоредот.

          Плодоредот кај зеленчукот има и други предности. Некои култури на пример, компирот, толку добро ја покрива почвата што ги задушуват повеќето плевели, па се корисни следбеници на културите што тешко се чистат од плевел, на пример кромидот. Повеќето коренести зеленчуци, особено компирот, помагаат во растресувањето на почвата и ја одржуваат нејзината структура отворена и исполнета со воздух.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна