Презентација на ИПАРД програмата на жени – фармери

          На 04.11.2014 година во просториите на општина Могила, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во соработка со организацијата на жени земјоделци од општина Могила, организираше интерактивна презентација на ИПАРД Програмата 2007-2013, а притоа на присутните им беа дадени информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите и условите за финансирање и останатите информации кои се неопходни за изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.

          obuka IPARD3 obuka IPARD2

          Жените-фармери покажаа голем интерес и поставија повеќе прашања на претставниците од Агенцијата од кој се разви интерактивна дискусија во контекст на до информирање и објаснување на поволностите и новитетите на актуелните препреки по однос на аплицирање по ИПАРД програмата.

          Со цел продлабочување на соработката помеѓу Агенцијата и Организацијата на жени од Општина Могила ќе биде организирана уште една средба на која ќе бидат опфатени повеќе теми на дискусија од аспект на актуелностите од земјоделството на национално ниво.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна