Припрема топли леи за расад

          Топлите леи за расад се прават надземни и вкопани. Надземни леи се прават во вид на сандак и тунели. Сандак се прави од штици широки 20 – 30 см, а дебели 3-4 см.  Должината зависи од потребите. Сандакот се прави со косина, така што од северната страна треба да биде повисок, а од јужната понизок за подобро осончување на леата. Сандакот се покрива со стакло или нов полиетиленски најлон.

          Леите во тунел се прават директно на земја. Овие надземни леи се припремаат на оние површини каде има високи подземни води и кога има поголеми количини биотопливо. Вкопани леи се прават кога имаме малку биотопливо. Се копа трап широк 1,5 м долг 4-12 м и длабок 0,5 м. Меѓу траповите се остава патека 60-70 см. За да се припреми една леа за расад, претходно треба да има подготвено биотопливо и градинарска земја кои се припремаат на следниот начин:

          Припрема на биотопливо за расад

          Биотопливото се припрема од арско ѓубриво од крупниот добиток, од отпадоци на индустриски култури, како што се сончогледот и тутунот. Најдобро арско ѓубриво кое ослободува најмногу енергија е коњското ѓубриво. Тоа во наши услови го има во многу мали количини. Најмногу го има говедското ѓубриво кое се користи свежо, нерастворено, со самото чистење на шталата. На ова ѓубриво му се додава слама или пилевина или суви лисја. Овие отпадоци ги врзуваат течните материи од арското ѓубриво…

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна