Проект ,,Здрав расад за здрав род во Пелагонија,,

          Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) на ден 25.03.2016 година направи посета на пластеникот во кој е планирано производство на расад за потребите на членовите на задругата и останатите земјоделски стопанства кои се активни на територија на Општините Могила, Новаци, Демир Хисар и Битола.

          Стручното лице од АПРЗ советодавецот Стојан Глигоров ги едуцираше членовите на задругата за правилниот метод на расадување и наводнување. На средбата им беа објаснети методите за добра земјоделска и хигиенска практика (ДЗХП) кај расадо производството, вклучувајќи ги и модерните постапки и соодветната употреба на регистрираните агро-хемикалии.

          Претставниците од задугата во периодот пред расадувањето имаа подготвителни активности за поставување на системот за наводнување (со оросување), припрема на почвата и набавка на семенски материјал. По што следеше подтотовка на леи во кои беше засеан семенски материјал за пиперка и домат.

          • Пиперка од тип куртовска капија за површина од 5 ха
          • Пиперка од тип Бела дуга за површина од 3 декари
          • Пиперка за нижење за површина од 2 декари
          • Домат од тип Хектор за површина од 5 декари
          • Домат од тип Ла лола за површина од 1 декари
          • Домат од тип Алијанса за површина од 1 декари

          На ден 18.03.2016 беше набавена и доставена опремата која е финансирана од УСАИД – Карана Корпорација, која ќе се користи за модернизација во производството на расад во пластеникот со кој располага задругата.

          АПРЗ во наредниот период ќе обезбеди поширока комуникација со земјоделците од Пелагонија кои не се вклучени во пилот-фазата, за промоција на расадо производството како долгорочна одржливост во земјоделството. Во тек е припрема на информативен материјал и планирање на средбите во 4те општини.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна