Сеидба на пченка

          Пченката треба да се одгледува во плодоред. Плодоредот како огромерка во интензивното производство овозможува ефикасна борба против плевелите, штетниците и болестите. Пченката како окопна култура може со успех да се одгледува по секоја култура, до колку интензивно се ѓубри и се наводнува.

          Основната обработка треба да се изврши на длабочина од 30-40 см до Октомври, но доколку постојат услови за обработка во текот на зимата подобро е таа да се изврши, отколку да се остави за пролет. До колку од оправдани причини се врши во пролет, треба да се пристапи што порано, штом се потсуши почвата и истата се ора поплитко.

          Ѓубрењето е важна мерка во производството на пченката бидеќи таа произведува голема количина на органска маса. Минералното ѓубривo се користи како основно, стартно и за прихранување. За принос на хибридната пченка од 1о т/ха, во почвата треба да се внесат во вид на ѓубриво следните количини на основните хранива: Азот 120-180 кг/ха, Фосфор 70-120 кг/ха и Калиум 40-120 кг/ха. Дали ќе се внеси помала или поголема количина, зависи од многу фактори а особено од типот на почвата, што значи потребно е да се направи анализа на почвата. Основното ѓубрење се врши пред орањето, а стартното за време на предсеидбената обработка.  Целокупната количина на фосфор, калиум и дел од азотот, или 60-70% од овие ѓубрива се внесуваат пред орањето, а помал дел за време на предсеидбената обработка. Остатокот од  азотот  се внесува со  предсеидбената обработка и со прихранувањето.

          За да се изврши сеидбата квалитетно, потребно е навремено и квалитетно да се изврши предсеидбената обработка. Почвата треба да е добро иситнета и рамна.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна