Сертифицирано семе од житни култури

          Што представува сертифицирано (сортно) семе

          Под поимот сертифицирано семе кај житните растенија се подразбира: ,,сортно,, семе (зрно) кое со пропратни Документи (Сертификати) е означено како семе од одделна Категорија.

          Семе кое се произведува под стручна контрола со примена на висока сортна технологија, односно примена на низа мерки во текот на производството на сортното семе, со цел да се добие семе со висок потенцијал за принос и висок квалитет.

          Произведеното семе од една сорта, мора да ги исполнува стандардните квалитети за сертифицирано семе според:

          -законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

          -правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија и

          -правилникот за квалитетот на семенскиот материјал.

          Категории на сертифицирано семе

          Според

          – Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 39/2006) и

          – Правилникот за трговија со семенски материјал од житни растенија (Сл. весник на Р. Македонија бр. 8/2007) семето на пченицата е категоризирано во четири Категории:

          -предосновно,

          – основно,

          -сертифицирано семе од прва генерација и

          -сертифицирано семе од втора генерација.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна