Учество на АПРЗ на манифестацијата „Органска трпеза”

          Производители, компании, земјоделци од државава и од Србија, Бугарија, Ерменија, Хрватска и Словенија, на 21.09.2019 ги изложија своите производи на Меѓународниот саем а органска и традиционална храна „Органска трпеза” што се одржа во спортската сала во Куманово, во организација на Здружението на развој на земјоделството, заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот”.

          Манифестацијата има за цел промоција на органското производство во државата.

          Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски на отворањето на саемот истакна дека ова манифестација претставува склоп на активности кои ја поврзуваат нашата традиција со трендовите на светските пазари.

          • Владата и надлежните министерства и институции работаат на поддршка на производителите и бизнисите кои интензивно вложуваат во развојот на органското производство во државата. Поддршката преку директните плаќања кај органските производители е зголемена од 50 до 100 проценти од поддршката кај конвенционалните земјоделски производители. Во финална фаза е и подоготвка на мерката за сертификација на региони, а до до крајот на годинава ќе се објави и мерката за поддршка на отварање на органски продавници, рече министерот Димковски.

          Тој најави дека Владата и Министерството ќе го стимулираат развојот на овој сектор со постоечките и нови мерки. Посочи дека ќе се работи и на промоција на подигање на свеста кај населението за бенефитите од органското производство.

          Стефан Томажан, заменик шеф на мисија во амбасадата на Швајцарија, изјави дека ова е добар настан со кој се прославува богатството на вкусовите.

          • Производителите на органските производи преставиваат важна алка во синџирот на производството. Швајцарија од почетокот  е вклучена во поддршката на органското производството и ќе продолжиме со поддршката, рече Томажан.

          Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска се обрати на присутните дека со вакви манифестации Куманово се вбројува во подрачја каде се произведува органска храна.

             –  Од наредната година посакувам да излеземе со сертифицирани и брендирани производи кои ќе го носат знакот на Куманово и овој регион, рече Мургашанска.

          Благица Цветковиќ Претседателката на Здружението на развој на земјоделството, заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитетот „Живот”, истакна дека оваа манифестација е замислена како изложбен простор каде можат да се видат органски производи, на едно место да се соберат производителите и на органски производи и на традиционалната храна.

          Производителите на органски производи се надеваат дека манифестацијата ќе придонесе да се зголеми интересот кај граѓаните за користење на органски производи, но и дека претставува убава можност на која се запознаваат меѓусебе, разменуваат искуства и идеи за понатамошно ширење на производството.

          АПРЗ ќе ги поддржува ваквите настани се со цел давање навремени информации и квалитетни советодави услуги кон производителите на органски производи.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна