Учество на директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството г-динот Игор Златков на меѓународна конференција во Бугарија

          На 14 ноември во “Sheraton Sofia Hotel Balkan”, Софија, Бугарија, се одржа АГРО-СТАРТ конференција со наслов: Tранснационална конференција за поддршка на мали и средни претпријатија за сточарство и растително производство.

          На оваа конференција присуствува претставници од советодавните служби и други институции од областа на земјодеството од Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Србија и Словенија. Од Република Македонија учество зедоа претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, директорот Игор Златков и од Федерацијата на фармери на Република Македонија.

          Настанот претставуваше можност за остварување на соработка и комуникација помеѓу експертите од индустријата, бизнис организациите кои даваат услуги на малите и средни претпријатија кои се занимаваат со сточарско и растително производство и нивните потрошувачи од земјите учеснички.

          Конференцијата беше во организација на Бугарскиот Економски Форум, еден од 12-те партнери кои се вклучени во АГРО-СТАРТ проектот.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна