Хигиена на производството и прометот со јаболка

           

          Зголеменото интересирање на потрошувачката на свежо овошје, а со тоа и неговиот промет во најшироки меѓународни размери, во услови на сè поостра меѓународна конкуренција со квалитет и цени, во производството и трговијата настаната е стандардизација на овошните плодови – јаболката. Нејзината основна задача е, со изадначените производи, не само по сорти, туку и по големина, квалитет, состојба на зрелост, боја на лушпата, чистота на производот, да им овозможи на потрошувачите да добијат плодови со посакуван квалитет.

          Искуството покажува дека стандардизацијата на јаболката има големо значење за развојот на стопанската гранка, за подобрување на исхраната на населението со овој важен прехранбен производ. Значи, под стандардизација се подразбира посебна подготовка на јаболката за промет врз основа на пропишани и јасно дефинирани критериуми за квалитет, со посебен осврт врз изедначеноста, униформноста на сите особини на плодовите од кои зависи нивната употребна вредност. За да можат плодовите јаболка да се користат непосредно како храна, покрај високиот квалитет, тие мора да бидат и здравствено-хигиенски, беспрекорно исправни, чисти и неконтаминирани со никакви агенси. Од овие битни особини на овој производ, зависи нивната употребна вредност, поради кое, тие се подложни на контрола. Ова е особено значајно, бидејќи од нивната хигиенска исправност, може да се ограничи а често и исклучи од употреба.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна