Јавен Повик бр.10/2018 – Мерка 2 Субвенционирање на каматна стапка
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за мерка 2 Субвенционирање на каматна стапка.
Право на користење на средства имаат: Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од IPARD – инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија.
Прифатливи трошоци: Помош во висина од 50% од каматната стапка на годишно ниво за период до 10 години.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со соодветни податоци и да прикачат задолжителни електронски документи ((1)Договор за склучен кредит со банка или штедилница за инвестицијата финансирана од Инструментoт за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој од Европската унија и (2)Детален амортизационен план кој е прилог на договорот за кредит).
Крајниот рок за доставување на барањата е 18.01.2019 година
Во прилог :