Чување на органска пиперка (Capsicum annum)

          Плодовите на пиперка наменети за чување во свежа состојба најчесто се берат рачно. Бербата на пиперка мора да биде изведена за време на постудените часови во текот на денот. Бербата се изведува со остри ножици. По берба тие се дезинфицираат со 70 % алкохол. Се препорачува во текот на бербата да се носат ракавици и да се применуваат сите мерки на добра хигиенска и санитарна пракса ( да постојат санитарни јазли на нивата, да се оневозможи пристап на домашни и диви животни и сл. ).

          Плодовите се ставаат во гајби, а потоа се преместуваат во амбалажа за транспорт до
          објект за пакување. Амбалажата за берба треба да е од пластика, за да може брзо и
          лесно да се исчисти. Таа мора да пружи одредена заштита од гмечење и повреди.
          Амбалажата не смее да биде преполна, во спротивно може да дојде до механички
          повреди на плодовите ако ако се става една гајба на друга. Собраните плодови на
          пиперката не треба да бидат изложени на сонце повеќе од еден час. Собраната
          пиперка треба да се стави на место во сенка и што побрзо да се однесе на чување.
          Поголемиот број на сорти пиперка се берат во фаза кога плодовите не се потполно
          физиолошки зрели.

           Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉  Чување на органска пиперка ( Capsicum annum )

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна