Активности

Потпишан меморандум за соработка за примена на информатичко – комуникациски технологии во земјоделскиот сектор

Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола м-р Пеце Стојковски и  Деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола проф. д-р Благој Ристевски потпишаа меморандум за соработка, насочена кон примена и интеграција на информатичко-комуникациските технологии во земјоделскиот сектор.

Целта на оваа соработка е да се предложат иновативни решенија што ќе го унапредат и поттикнат одржливиот развој на земјоделството во Македонија.

Во рамките на оваа соработка планирани се активности во насока на развивање на дигитални алатки за управување со земјоделските процеси, организирање на обуки и работилници за примена на ИКТ во земјоделството и поттикнување на иновации преку заеднички апликативни и развојни проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *