Вести
Потпишан меморандум за соработка за примена на информатичко – комуникациски технологии во земјоделскиот сектор
Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола м-р Пеце Стојковски и Деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола проф. д-р Благој Ристевски потпишаа меморандум за соработка, насочена кон примена и интеграција на информатичко-комуникациските технологии во земјоделскиот сектор.
Целта на оваа соработка е да се предложат иновативни решенија што ќе го унапредат и поттикнат одржливиот развој на земјоделството во Македонија.
Во рамките на оваа соработка планирани се активности во насока на развивање на дигитални алатки за управување со земјоделските процеси, организирање на обуки и работилници за примена на ИКТ во земјоделството и поттикнување на иновации преку заеднички апликативни и развојни проекти.

