Вести
Зелкова Совица – Mamestra brassicae
Зелковата совица (Mamestra brassicae) е значаен штетник кај зелката. Зелковите совици, наречени уште и лисни зелкови совици, припаѓаат во групата на ноќни пеперутки. Зелковите совици всушност се гасеници на ноќните пеперутки, кои го гризат листот на зелката по што го добиле името.

Гасениците се зелени или смеѓи со големина до 40 мм. Покрај исхраната со листот, се вбушуваат во главицата на зелката притоа правејќи ходници кои се загадени со измет, па таквите главици се неупотребливи. Зелковите совици имаат 2-3 генерации годишно. Презимуваат во почвата во стадиум на кукла. Првата генерација се храни во текот на јуни, втората и евентуално третата генерација се појавува кон крајот на август и септември, кога прават штета кај доцната зелка.
Целосниот текст можете да го прегледате на линкот во прилог.