Активности

Остварена работна средба со Директорот на АФПЗРР

Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството г-дин Пеце Стојковски, денес оствари работна средба со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој г-дин Илија Стоилев. На оваа координативна средба се разговараше за меѓусебната соработка, пред сè, во насока на овозможување поддршка на потенцијалните корисници на Програмите за поддршка во руралниот развој и ИПАРД програмата, како при изготвување и комплетирање на Барањата при аплицирање за финансиска поддршка по програмите, така и за овозможување на советодавна помош за исполнување на критериумите за остварување на правото за користење на финансиска помош.

Двата директори изразија спремност да им се овозможи на сите потенцијални
баратели по програмите кои ги исполнуваат критериумите да го искористат правото
да побараат финансиска поддршка и да ја комплетираат бараната инвестиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *