Вести
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Факултетот за биотехнички науки – Битола и Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството
Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството и Факултетот за биотехнички науки – Битола и потпишаа Меморандум за соработка со цел да се зајакне меѓусебната соработката во делот на научните, стручните и апликативните мислења и практики од областа на земјоделството и прехранбените технологии, како и потребата за овозможување на обуки, семинари, консултации, но и научна и стручна пракса, како важни алатки во образовно-едукативниот процес во земјоделството.
Во рамките на оваа остварена соработка, како почеток на нашата заедничка работа, беше успешно реализиран семинар и обука на тема „Одржливо сточарско производство“ наменет за вработените од АПРЗ.
На семинарот, стручните предавачи, вон. проф. д-р Весна Карапетковска – Христова, вон. проф. д-р Борче Макаријски и доц. д-р Благојче Најдовски ги пренесоа своите знаења и искуства, подигнувајќи го нивото на свеста за важноста на одржливите практики во сточарството.
Благодарение на оваа важна иницијатива, учесниците имаа можност да се информираат за новите трендови и технологии, како и за начините на кои може да се обезбеди еколошка и економска одржливост во оваа индустрија.





