Програми

Објавени се три повици за инвестиции во земјоделството

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) објави три нови јавни повици од Националната програма за рурален развој и тоа:

  1. Јавен повик 05-2025 МЕРКА 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

Потребните документи можете да ги најдете на следниот линк

  1. Јавен повик 05-2025 МЕРКА 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, Подмерка 121.20 Набавка на приклучна земјоделска механизација

Потребните документи можете да ги најдете на следниот линк

  1. Јавен повик 05-2025 МЕРКА 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

– Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем

– Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем

Потребните документи можете да ги најдете на следниот линк

Финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови до 600.000 денари. Право на аплицирање имаат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во МЗШВ.

Крајниот рок за аплицирање за огласите е до 11.07.2025 година.

Заинтересираните баратели можат да се информираат во работните едниници на АПРЗ за условите, висината на финансиската помош и начинот за поднесување на барањето. Советниците од АПРЗ на барателите бесплатно ќе им помогнат при подготвување и поднесување на е-барањето за мерките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *