Вести
Одржана работна средба помеѓу АПРЗ и АФПЗРР
Во рамките на воспоставената соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во просториите на АФПЗРР беше одржана работна средба на која се разговараше за понатамошните чекори и улогата на АПРЗ во акредитирањето, едукацијата и обуките за земјоделците при имплементација на агроеколошките мерки. Исто така, се разговараше и за понатамошниот тек при реализација на обуките за земјоделците, каде што АФПЗРР има утврдено неусогласеност во делот на почитување на условите на добрата земјоделска пракса.
