Активности

Запознај го локалниот пчелар – Агенцијата во поддршка на македонското пчеларство

Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството м-р Пеце Стојковски на покана на Пчеларското здружение  ,,Мариовско Пелагониски Пчелари’’ присуствуваше на манифестацијата ,Запознај го локалниот пчелар’’.

Манифестацијата има за цел да ја промовира производството на мед и пчелни производи и  да го поттикне развојот на одржливо земјоделство и здрава исхрана. Агенцијата секогаш е на страната на пчеларите и со советодавни услуги им помага во зголемување на конкурентноста на земјоделското производство и максимално искуристување на мерките кои ги нуди владата.   

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *