Активности

АПРЗ на средби со земјоделските производители и промоција на националната кампања „Македонско најдобро“

Почитувани земјоделци,

Со вклучувањето на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во реализација на целите од националната кампања „Македонско најдобро“, Агенцијата започна со организација на серија од едукативни средби со земјоделските производители во руралните средини, каде што на лице место на земјоделците ќе им бидат презентирани конкретните цели на кампањата, кои се бенефициите од вклучувањето и користењето на платформата „Македонско најдобро“. Распоредот за реализација на овие средби е во прилог.

Ги покануваме сите заинтересирани земјоделски производители на овие средби, каде претставниците од АПРЗ ќе ви го претстават проектот „Македонско најдобро“ и ќе ви помогнат при регистрација на платформата.

Во прилог табела со распоред од едукативни средби: Превземи табела

За сите дополнителни прашања, ќе може да се обратите до вработените од АПРЗ секој работен ден, во нашите канцеларии или на телефон.

Со почит,

Ваша Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *