Активности

Реализирани средби во рамките на „Македонско најдобро“ од 15.10. до 26.10.2025 година

Во изминатиот период од 15.10. до 26.10.2025 година, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во рамките на националната кампања „Македонско најдобро“, организираше серија од едукативни средби со земјоделските производители во руралните средини, каде што на лице место на земјоделците им беа презентирани конкретните цели на кампањата и кои се бенефициите од вклучувањето и користењето на платформата „Македонско најдобро“, а им беше извршена едукација и практична обука за регистрација и користење на платформата.

Средбите продолжуваат и во наредниот период, со што ќе бидат опфатени нови рурални средини и земјоделски стопанства.

Распоред на едукативни средби во рамките на националната кампања „Македонско најдобро“ за периодот од 27.10. до 07.11.2025 година

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во реализација на целите од националната кампања „Македонско најдобро“, за периодот од 27.10. до 07.11.2025 година продолжува со организација на едукативни средби со земјоделските производители во руралните средини.

Во прилог табела со распоред од едукативни средби: Превземи табела

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *