Активности

Едукативна трибина во с. Грушино за актуелните состојби на пченицата и примена на земјоделските практики

Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), во соработка со Земјоделски институт УКИМ – Скопје, на ден 13.02.2026 година организираше трибина за земјоделците во село Грушино.

Во рамки на настанот беше одржано стручно излагање на тема „Актуелни состојби со производството и квалитетот на пченицата во Република Северна Македонија“, презентирано од проф. д-р Емилија Симеоновска. Дополнително, советодавците од регионалното одделение Скопје одржаа презентација на тема „Воведување и примена на Вкрстена сообразност на ниво на земјоделски стопанства“.

Целта на трибината беше информирање и едукација на земјоделските производители за актуелни прашања од областа на земјоделското производство, како и унапредување на нивните знаења за примена на современи и одржливи земјоделски практики.

За време на настанот беа споделени практични искуства од терен, а на присутните земјоделци им беше овозможена активна дискусија и поставување прашања, со цел подобрување на земјоделското производство и усогласување со важечките регулативи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *