Вести
Средба со земјоделците и откупувачите на пиперка во Општина Кривогаштани
Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, м-р Пеце Стојковски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, присуствуваа на средба со земјоделците и откупувачите на пиперка во Општина Кривогаштани.
При посетата на откупните пунктови се разговараше за прашањата што непосредно го засегаат трудот на земјоделците – приемот на пиперката, начинот на нејзиното класифицирање и почитувањето на договорените откупни цени.
Беше испратена јасна порака дека нема да се дозволи во процесот на откуп да има нејасни критериуми, различни толкувања на квалитетот или непочитување на договорените услови.




АПРЗ останува постојано на терен, во непосредна комуникација со земјоделците, со цел навремено да ги слушне нивните потреби и да придонесе за фер, транспарентен и организиран откуп на земјоделските производи.
Заштитата на земјоделскиот труд и сигурниот пласман на производството остануваат наш заеднички приоритет.