Вести
ИПАРД 1/2015
На 21 март се објави Јавен повик 01/2015 год од ИПАРД програма па затоа сакаме да ги информираме сите заинтересирани, можности кои ги нуди ИПАРД програмата за подобрување на земјоделство во трите мерки:
МЕРКА 101 инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ……
МЕРКА 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и
МЕРКА 302 Диверзификација и развој на руралните економски активности…..
Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата можат да се најдат на веб страната на АФПЗРР…….
Сите заинтересирани лица за ИПАРД програмата за подетални информации, односно за прибирање на потребната документација како и подготовка, и севкупна помош за изготвување на технички предлог проекти и пополнување на барања можат да се обратат во просториите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството секој работен ден од 730-1630 .
Покрај информирањето преку медиумите за ИПАРД програмата советниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството веке имат изготвено Акциони планови за сите населени места кога и каде ке се одржат информативни средби за запознавање со критериумите и потребната документација. И на крајот можам да кажам дека веке советниците се излезени на тере.
Видео записот можете да го погледнете на следниот линк