Конференција – Советодавниот сервис – едукативно и информативна поддршка на земјоделството и руралниот развој
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството оваа година навршува 20 години од своето формирање и 50 години постоење на јавен советодавен сервис на овие простори. По повод овој значаен јубилеј, денес на 14.11.2018 година АПРЗ организира Конференција под наслов „Советодавниот сервис – едукативно и информативна поддршка на земјоделството и руралниот развој“. Конференцијата ќе се одржи во хотел „Епинал“ со почеток во 11:00 часот. Јубилејот ќе го прославиме со присуство на бројни официјални лица од земјоделскиот сектор како од земјата така и од странство, но и со оние за кои ние постоиме, а тоа се нашите земјоделски производители.
АГЕНДА
10:30 – 11:00 Регистрација на присутни
- Модератор Фиона Јусуфи – АПРЗ
11:00 – 11:40 Поздравни говори:
- Елгафар Јусуфи,Директор на АПРЗ
- Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија
- Ленче Николовска, Советник за земјоделство на Премиерот во Влада на Р.Македонија
- Наташа Петровска, Градоначалник на Општина Битола
- Николче Бабовски, Директор на АФПЗРР
11:40 – 11:55 Обраќање на директните учесници во развојот на АПРЗ
- Рамиз Мерко, Градоначалник на Општина Струга и еден од првите претставници на советодавците во земјоделството
- Трајче Дојчиновски, прв Директор на АПРЗ
11:55 – 12:05 Обраќање на претставници од земјоделските науки кои придонесуваат во развојот на советодавните услуги
- Вјекослав Танасковиќ, Декан на ФЗНХ -Скопје
- Алирами Салији, Декан од ФЗБ – Тетово
- Љупче Кочоски, Декан од ФБН – Битола
12:05 – 12:15 Кафе пауза
12:15 – 12:25 Презентација АПРЗ – Андреа Соколовски
12:25 – 13:00 Искуства и соработки:
- Факултет за Земјоделски науки и храна – Скопје
- Факултет за Биотехнички науки – Битола
- Национална Федерација на Фармери на Р.М
- Мрежа за рурален развој на Р.М.
- Успешни земјоделци
13:00 – 13:10 Доделување благодарници за соработка на земјоделци и општини, и потпишување на меморандум за соработка со ФЗНХ -Скопје
13:10 –13:20 Интерактивна дискусија
13:20 – 14:30 Коктел