Аktivitetet, Активности

Промоција на правилниците за директно снабдување во Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ), продолжуваат со активностите за промоција на двата правилници за директно снабдување. На ден 14.09.2020 на Факултетот за земјоделски науки и храна, под строги безбедносни протоколи за заштита од вирусот Ковид 19,  беа претставени пред фармерите и пред научната јавност.

Промоцијата почна минатата недела од Могила, а продолжи во Демир Хисар и Крушево.

Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, при тоа задолжително исполнувајќи ги критериумите за безбедност и хигиена на храната.


Промоцијата на правилниците пред производителите, оваа недела ќе се реализира во Скопско, во општините Петровец и Студеничани.

[ngg src=”galleries” ids=”15″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″ number_of_columns=”3″]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *