Вести
АПРЗ активно продолжува со информативно-едукативните средби
Согласно распоредот за одржување, продолжуваат информативно-едукативните средбите во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, а кои се дел од програмските теренски активности на АПРЗ.
Во изминатата седмица, во периодот од 30-ти март до 3-ти април реализирани се едукативни средби во следните населени места:
Пелагониски регион: Добрушево, Долна Бела Црква, Единаковци, Езерани, Горна Бела Црква, Ивањевци, Кадино Село, Канатларци, Милошево, Обршани, Подмочани, Слоештица, Вардино, Житоше.
Вардарски регион: Возарци, Дреново, Курија, Лозово.
Источен регион: Делчево, Македонска Каменица, Врсаково.
Југозападен регион: Арангел, Белчишта, Кичево.
Скопски Регион: Бојане.
Југоисточен регион: Башибос, Дедино, Ѓавато, Николич, Пиперево, Радичево, Селемли, Собри.
Североисточен регион: Слупчане, Липково, Оризаре, Опила, Узем.
Полошки регион: Боговиње, Градец, Јанчиште, Камењане, Мердита, Пожаране, Тумчевиште, Желино.
На овие средби на присутните им беа презентирани дел од мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но се разговараше и на стручни теми во зависност од локацијата, производството, актуелните земјоделски активности, како потребите и интересот на земјоделските производители. Овие средби се интерактивни, такашто сите присутни имаат можност да разговараат, да разменуваат идеи и мислења, да дискутираат за применливите земјоделски практики, актуелностите во земјоделството и сл.
И во наредниот период продолжуваме со организација и реализација на информативно-едукативните средби.

























