Вести
Реализирани инфо средби за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД
Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД – Програмата во периодот од 04.03.2025 до 07.03.2025 година
Продолжуваат инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД Програмата, во соработка помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во рамки на кампањата за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.
Така, во текот на изминатата седмица, беа реализирани инфо средба за земјоделците и тоа:
- 4ти март 2025 година (вторник), инфо средби се одржаaa во Босилево, со почеток од 11:00 часот во салата во Домот на култура и во Василево со почеток од 14:00 часот во салата во Домот на култура,
- 5ти март 2025 година (среда), инфо средби се одржаa во Конче, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Радовиш со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
- 6ти март 2025 година (четврток), инфо средби се одржаa во Берово, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Виница со почеток од 14:00 часот во општинската сала, и
- 7ми март 2025 година (петок), инфо средби се одржаa во Неготино (о. Врапчиште) со почеток од 13:00 часот во салата во Дом на култура и во Гостивар, со почеток од 15:00 часот во салата при АД ЕСМ, ХЕЦ Маврово – Гостивар.
На овие средби на присутните им беа презентирани постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства согласно последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.
Со оглед на актуелноста на мерката, во рамките на оваа средба се разви дискусија, каде што заинтересираните корисници подетално се информираа за критериумите за аплицирање, видови на инвестиции кои се прифатливи, односно кои се прифатливи трошоци, можностите за авансно финансирање и сл.










