Активности

Распоред за последната недела од караванот ИПАРД инфо денови

Почнувајќи од денеска и во текот на следните неколку дена, караванот ќе ги посети Кочани, Облешево, Велешта, Мислешево, Демир Хисар, Кравари, Куманово и Липково. Ова е можност за сите корисници од овие региони да присуствуваат на средбите, да поставуваат прашања и да го искористат присуството на стручните лица со цел да ги разрешат сите дилеми околу постапката за аплицирање.

Денешниов ден 10.03.2025 (понеделник) е посветен на корисниците од Кочани и Облешево, а од утре караванот продолжува со следниов распоред:

  • 11.03.2025 година (вторник): Средба во Велешта, со почеток во 11 часот во зградата на старата општина, а потоа во 14 часот во Мислешево во просториите на Месната заедница.
  • 12.03.2025 (среда): Демир Хисар во 11 часот, Дом на култура и Кравари во 14 часот во просториите на Месната заедница
  • 13.03.2025 (четврток): Куманово во 11 часот, во Домот на занаетчии и Липково во 14 часот во општинската зграда

Јавниот повик ќе трае до 29. март. Има доволно време сите кои планираат да аплицираат да ја подготват документацијата и навремено да ја достават согласно упатството од повикот. На располагање се 7,4 милиони евра, наменети за набавка на основни средства за земјоделско производство, што ќе придонесе да се модернизира македонското земјоделство и да се обнови земјоделската механизација.

Ова е последна недела од караванот ИПАРД инфо денови и затоа ги повикуваме сите заинтересирани корисници од регионите кои ќе ги посетиме, да ја искористат можноста и да присуствуваат на средбите. 

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:

  • Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mkили 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mkили на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и
  • Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/или на 047 520 735.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *