Активности

Реализирани инфо средби за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД

Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД – Програмата во периодот од 10.03.2025 до 14.03.2025 година

Во последната седмица од караванот, продолжуваат инфо средбите за објавениот Јавен повик за мерката 1 од ИПАРД Програмата, во соработка помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД,  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, во рамки на кампањата за информирање на потенцијалните корисници по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.

Така, во текот на изминатата седмица, беа реализирани инфо средби за земјоделците и тоа:

  • 10.03.2025 година (понеделник): Средба во Кочани, со почеток во 11 часот, а потоа во 14 часот во Облешево.
  • 11.03.2025 година (вторник): Средба во Велешта, со почеток во 11 часот во зградата на старата општина, а потоа во 14 часот во Мислешево во просториите на Месната заедница.
  • 12.03.2025 (среда): Демир Хисар во 11 часот, Дом на култура и Кравари во 14 часот во просториите на Месната заедница
  • 13.03.2025 (четврток): Куманово во 11 часот, во Домот на занаетчии и Липково во 14 часот во општинската зграда
  • 14.03.2025 (петок): Петровец во 14 часот во општинската зграда.

На овие средби на присутните им беа презентирани постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства согласно последниот објавен повик од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3) за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

Со оглед на актуелноста на мерката, во рамките на оваа средба се разви дискусија, каде што заинтересираните корисници подетално се информираа за критериумите за аплицирање, видови на инвестиции кои се прифатливи, односно кои се прифатливи трошоци, можностите за авансно финансирање и сл.

Јавниот повик ќе трае до 29. март. Има доволно време сите кои планираат да аплицираат да ја подготват документацијата и навремено да ја достават согласно упатството од повикот. На располагање се 7,4 милиони евра, наменети за набавка на основни средства за земјоделско производство, што ќе придонесе да се модернизира македонското земјоделство и да се обнови земјоделската механизација.

Ова е последна недела од караванот ИПАРД инфо денови и затоа ги повикуваме сите заинтересирани корисници, да ја искористат можноста и да ги посетат канцелариите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, каде ќе ги добијат информациите околу деталите, потребните документи, но и техничка поддршка за изготвување и комплетирање на Барањата по овој јавен повик.

Контакт информации за работните единици на АПРЗ може да добиете на следниот линк: https://agencija.gov.mk/regionalcentars/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *