Активности

Успешно реализирани едукативни средби со земјоделци

Во текот на изминатата седмица согласно распоредот, Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството успешно реализираше серија информативно-едукативни средби со земјоделците во следните населени места:

  • Пелагониски регион: Белушино, Средно Егри, Кривогаштани, Могила, Света, Долна Бела Црква, Езерани, Вардино, Канатларци.
  • Вардарски регион: Дорфулија, Каратманово, Отовица, Сојаклари, Ресава, Бегниште, Пепелиште, Криволак.
  • Источен регион: Карбинци, Кочани, Каменица, Панчарево, Митрашинци, Оризари, Лаки.
  • Југозападен регион: Мислешево, Хаме, Мешеишта.
  • Скопски Регион: Глуво, Побожје.
  • Југоисточен регион: Аликоч, Бучим, Грчиште, Коџалија, Куклиш, Миравци.
  • Североисточен регион: Слупчане, Оризаре.
  • Полошки регион: Боговиње, Мердита, Јанчиште, Пожаране.

На овие средби беа презентирани актуелни мерки, програми за поддршка, како и практични совети за унапредување на земјоделското производство. Присутните имаа можност да поставуваат прашања, да разменуваат искуства и да добијат директни насоки од стручните лица во Агенцијата.

Целта на овие активности е да се зголеми информираноста, да се поттикне модернизацијата на земјоделството и да се обезбеди подобра искористеност на достапните ресурси и мерки за поддршка.

Ваквите средби претставуваат значаен чекор кон посилно, поконкурентно и одржливо земјоделство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *