Болести и штетници кај лешник (Corylus avellana)

          Трулеж на плодот ( Sclerotinia coryli, Monilia fructigena )

          Кај лешникот трулежот на плодот го предизвикуваат габите Sclerotinia coryli и Monilia  fructigena. Заболените плодови лесно се препознаваат. Болеста кај плодовите се појавува кога тие се уште многу млади, плодовите потемнуваат, им се прекинува растот и се сушат. Тешко излегуваат од обвивката. До промена на бојата доаѓа на било кој дел од плодот. За сузбивање се користат фунгициди. Многу е важно третирањето со фунгициди да започне навреме и да се направат најмалку три третмани и тоа во фаза на цветање, прецветување и после 10-15 дена уште едно третирање.

          Пепелница ( Phyllactinia corylea )

          Пепелницата е честа и економски значајна болест на лешникот. Симптомите најчесто се забележуваат во летните месеци јули и август. Болеста се јавува на листот кој ја менува бојата. На лицето на листот се појавува брашнесто сиво-бела мицелија која ја представуваат конидии со конидиофори. Со напредување на болеста заразените листови ја менуваат бојата прво во жолти, а подоцна стануваат кафени и на крај отпаѓаат. Габата формира хифи кои влегуваат во меѓуклеточниот простор на листот  и образуваат ендофитна мицелија. Доколку  заштитата со соодветни фунгициди не се направи навреме во првите фази од појавата на болеста или пред нејзината појава – превентивно третирање посебно во случаеви каде предходната година во насадот била појавена болеста, може да дојде до целосна дефолијација на растението ( гранките остануваат голи ). Паразитот презимува во отпаднатите листови, се препорачува отпаднатите листови да се собираат и спалуваат. Третирањето  обично се прави на средина на мај кога плодот е во пораст. Може да се користат сите фунгициди кои се користат за сузбивање на пепелница кај  другите овошни видови и винова лоза.

          Прегледајте го целосниот текст во пдф на следниот линк.

          👉 Болести и штетници кај лешник (Corylus avellana)

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна